Иако власта почна со силна кампања, во која се вклучени потплатените медиуми (за кои ОБСЕ члиј поранешен претставник Дуња Мијатовиќ порано не се симнуваше од вратот на Груевски), странците, но и такви кои глумат патриоти, Заев започна со дебакл во Кочани.

Неговата отворена трибина во градот на оризот започна околу 18 часот, а во градот со 25.000 жители, Заев го удостоија едвај околу 200 граѓани. Толку жители на Кочани сакаа да ги слушнат неговите зборови пред референдумот, иако веројатно е дека половина од нив се луѓе кои тоа време обично го користат за прошетки, па тие ќе беа таму и да не беше отворената трибина. Впрочем, фотографиите самите зборуваат.