Јас намерно го користам изразот мултиетнички народ за припадниците на С. Македонија, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој при добивање на наградата во Сараево, деновиве, предизвика големи реакции во македонската јавност со неговата изјава:„Јас и мојот мултиетнички народ сме навистина среќни луѓе“.
Запрашан денеска дали тоа било лапсус, Заев објасни зошто го употребил тој термин.
– Македонскиот народ е секој народ во С. Македонија. Тоа е мултиетнички народ составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други. Јас намерно го користам овој израз, сепак сите сме македонски народ, припадници на С. Македонија, објасни Заев.
А Македонците, Заев во „неговиот мултиетнички народ“, ги става во други.