„Треба да се истражи дали Груевски доброволно ја напуштил земјата или пак, бил киднапиран“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Владата на Република Македонија.

„Ќе направиме се, господинот Никола Груевски да служи казна овде во Македонија. И јавно го поставувам прашањето – знаејќи вака, како се случувале работите, дали тоа доброволно господинот Груевски ја напуштил Македонија, пред да биде издадена наредбата за негово приведување пред суд или па можеби бил киднапиран очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори“, рече Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот Данска Тевдовски.

Од друга страна црногорскиот портал  „Вјести“, пишува дека избеганиот Никола Груевски е во Унгарија каде што побара азил, а таму стигнал преку Црна Гора. Територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден преку граничниот премин Добраково, во 22.16 часот. Во Србија влегол со автомобил со регистарски ознаки 55А05 во кој се наоѓале Часар Јозеф Золтан и Фелеѓази Шаба, и двајцата носители на унгарски дипломатски пасоши, пишува подгорички цитирајќи извори од Управата на полицијата.