Со случајот „Рекет“ С. Македонија прокнижува поени, изјави во синоќешното интервју за ТВ Сител премиерот Зоран Заев.

– Јас сум премиер и таа позиција ми овозможува фреквентна комуникација со државниците на земјите членки на ЕУ, или со нивните амбасадори во нашата земја, рече Заев.

На прашањето дали блокираните преговори со опозицијата и аферата „Рекет“ ќе бидат причина за одлагање на датумот за преговори со ЕУ за нашата земја, Заев рече дека тој останува оптимист и дека за тоа има добри причини.

– Се спроведува независна истрага, премиерот пријавил случај, обвинител има во притвор. Сето тоа покажува дека правосудните инстанци се растеретуваат од политиката. Тоа значи за С. Македонија уште еден плус, зашто борбата е високо на нашата агенда дома, а тоа го гледа и ЕУ во делот на обврските од реформите. Тоа е добра причина датумот секако да го добиеме во октомври како што беше ветено, рече Заев.

Тој останува на ставот дека барањето за предвремени избори само ќе го забави спроведувањето на реформите и на придобивките од економските резултати кои се најважни за граѓаните.