За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, истакнува во денешната изјава премиерот во оставка, Зоран Заев.

Тој по најавената оставка и долгиот молк потоа денеска се јави на Фејсбук:

– Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности, објави Заев на Фејсбук.

Во својата објава Заев ништо не споменува за оставката која ја вети, ја најави и потоа замолче.

с