Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал, одговара премиерот Зоран Заев во интервјуто за Фокус, на прашањето дали е можно и него да го снимал бизнисменот Јордан Камчев.

Во интервјуто, Заев не ја исклучува таа можност Камчев да го снимал, како што тоа го сторил и со останатите.

На прашањето од Фокус дали постои можност Камчев кога го посетил во кабинетот за да го пријави рекетот од Боки 13 да направил „бомба“ и со премиерот, Заев одговара:

– Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци, одговара Заев.

Тој знае дека во неговиот кабинет се поставени уреди кои може да идентификуваат дали во просторијата „влегле“ уреди за снимање.

Заев не открива дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Камчев и дали во нив има пикантерии кои како нова „бомба“ може да експлодираат во јавноста.