Законите за Коридорите кои СДСМ и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ, се вели во реакцијата, се овозможува при изградбата на коридорите да бидат обештетени и дивоградбите кои ќе се најдат на трасата.

– Законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ овозможуваат буквално да бидат легализирани дивоградби кои сега ќе бидат изградени, само со цел потоа да бидат обештетени. СДС и ДУИ стимулираат незаконие и овозможуваат расипничко трошење на народни пари во милионски износ. Со секој обид за своите незаконитости да се правдаат со Бехтел и Енка само покажува колку всушност се заглавени во калта, па незнаејќи како да излезат вмешуваат странски фирми. Самите СДС и ДУИ го минираат проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д. И СДС и ДУИ со својата нетранспарентност го загрозуваат јавниот интерес, а тој е највисок, и не може да има повисок интерес, бидејќи граѓаните се тие кои го плаќаат проектот, и тие треба да знаат како се трошат нивните пари, се наведува во партиското соопштение.