Националниот интерес на Бугарија е наполно заштитен по прашањето на името со Македонија, категорична е министерката за наддврешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, пренесе БТВ.

Според нејзините зборови, договорот меѓу Бугарија и Македонијa дал импулс на тоа балканските држави да ги решаваат проблемите.

„Нашиот интерес е Македонија да отвори нова страница во нејзината историја“, додала Захариева.

Таа истакнала дека никој не ја притискал Бугарија да потпише договор со Македонија.

Според неа, ќе треба да измине долг пат додека се изгради доверба од страна на Македонците кон Бугарите.

Кога се потпиша доgоворт, само 30 отсто од народот таму го одобруваше и го нарекуваа Зоран Заев предавник. Сега таа доверба е 70 отсто, појаснила Захариева, без да прецизира од каде и се овие податоци.

Таа негирала дека Бугарија е на пат да признае македонски јазик и македонска нација и додала дека таква клаузула во договорот нема.

Захариева појаснила дека немало причина Бугарија да биде поканета на потпишувањето на договорот меѓу Бугарија и Грција и дека тоа е двостран акт на кој присуствуваат страните потписнички и специјалниот пратеник на ООН.