Ждрепката за осминафиналето од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, ќе се одржи на 13 декември во 12 часот.

Екипите, традиционално, ќе бидат поделени во два шешири, во едниот ќе бидат победниците на групите, додека, во другиот второпласираните екипи од секоја од осумте групи.

Во групата на носители се Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн (М), Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Овие екипи нема да можат да играат меѓусебно,и за противници ќе имаат некоја од второпласираните екипи кои се во вториот шешир: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал / Аталанта, Салцбург и Челзи.

Првите натпревари се закажани за 15/16/22/23 февруари, а реваншите на 9/8/15/16 март. Почетокот е во 21 часот по средноевропско време.

Ждрепката за четвртфиналните, полуфиналните и финалето е во петок на 18 март.