Патниците на летот на компанијата Делта од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, минатиот викенд беа вчудоневидени кога дознаа дека тие се во рацете на семејниот пилотски тим – капетанот Венди Рексон и копилот нејзината ќерка Кели Рексон.

Како што пишува Њујорк пост, по фотографирањето на мајката и ќерката во кокпитот на авионот, тие брзо го разбрануваа Твитер, каде што имаше повеќе од 16.000 ретвити.

– Штотуку полетавме од Лос Анџелес до Aтланта, со авион кој е управуван од мајка и ќерка. Голем лет. Инспиративно за млади жени, твитна патникот д-р Џон Р. Ватрет.

Ватрет е службеник на Аеронаутичкиот универзитет во Флорида, а дознал за семејната врска на екипажот на авионот со долг лет, откако една жена што исто така патувала со авионот побарала ако може нејзините две деца да го посетат екипажот.

Тој рече дека го слушнал семејството што зборувало за „мајката и ќерката“ што летале со авионот.

– Мислев дека е неверојатно. Прашав дали може и јас да ги посетам, рече Ватрет.

И тогаш дознал дека авијацијата има уште подлабоки корени во семејството Рексон. Таткото на Венди е пензиониран пилот, додека нејзиниот сопруг лета за Американ ерлајнс. Нивната друга ќерка, Кејт, исто така е пилот.

– Нејзината мајка имала голема улога ќерката да стане пилот. Тоа е добро за воздухопловството и инспиративно за сите нас, рече Ватрет.