Епидемијата на коронавирус се уште е главно концентрирана во Кина, каде и започна во градот Вухан. Но најголем размер на епидемијата надвор од Кина не е забележан во другите земји, туку на крузерите, пишува хрватски Индекс.
Британскиот крузер „Дајмонд Принцес“ е во карантин на пристаниште во Јапонија, откако патник е позитивно тестиран на новиот коронавирус при испловување на бродот. Во меѓувреме потврдено е дека 175 од гостите се заразени, од кои четири лица се во критична состојба.
Бројот на заразени патници за сигурно ќе расте бидејќи се тестирани само околу 500 гости на крузерот од вкупно 3.700. Поради тоа сите на бродот ќе останат во карантин уште една недела додека помине периодот на инкубација на коронавирусот.
Но „Дајмонд Принцес“ не е единствениот крузер кој може да биде жариште на епидемијата.
Како што пренесува Би-Би-Си, на уште еден крузер во Хонг Конг 3600 патници биле во карантин поради стравот дека некои од патниците се заразени. На гостите им било дозволено да го напуштат крузерот откако тестовите се покажале негативни.
Уште еден крузер кој испловил на 1 февруари од Хонг Конг не смеел да застане во ниту едно пристаниште во Јапонија, Гуам, Тајван и Филипини иако никој од бродот не бил заразен. На крај Камбоџа дозволи да закотвени.
Крузерите како пловечки петриеви садови?
Крузерите често се опишуваат како „пловечки петриеви садови“ – идеални места за ширење бактерии и вируси. Но дали ова обвинување е вистинито?
Професор доктор Санџаја Сенанајаке, експерт за заразни болести на Австралискиот национален универзитет, објаснува за Би-Би-Си дека секако постои зголемен ризик на респираторни и гастроинтестинални зарази на бродовите.
– Во глобала имате патници и членови на екипажот од различни делови од светот кои интимно и интензивно се мешаат за краток временски период. Сите тие имаат различен имунитет, така што тоа создава услови за појава на инфекција, вели докторката Сенанајаке.
Од друга страна, експертот за крстарења, Стјуарт Чирон истакнува дека „реалноста на крстарењето е многу поразлична од перцепцијата“.
– Така на пример луѓето мислат дека кога чекаат ред во бифе има многу контакт меѓу патниците, вели Чирон, кој бил на повеќе од 250 крузери. „За големите крузерски линии тоа не е точно“. Постојат постојки – ако сакате јајце, одите на постојката за јајца и член од екипажот со ракавици ќе ви ги даде. Поентата е дека ретко чекате во ред и не проаѓа секој покрај секое парче храна, а тоа ја минимизира интеракцијата меѓу луѓето, додава Чирон.
Членовите на екипажот се во поголем контакт меѓусебно и со другите патници
Чирон истакна дека крузерите имаат многу строги процедури за чистење и проверка.
– Крстарењата секогаш имаат темелни прегледи на патниците. Ако изгледате болно, тогаш ве праќаат на втора лекарска проверка, додава Чирон.
Секако дека интеракцијата меѓу членовите на екипажот и интеракцијата со патниците е потешко да се намали отколку интеракцијата меѓу самите патници. На „Дајмонд Принцес“ повеќе од десет членови на екипажот се меѓусебно заразени, од вкупно повеќе од илјадници членови на екипажот кои живеат и работат заедно.
– Веројатно е дека членовите на екипажот ќе бидат во близок контакт едни со други, може дури и ќе делат простории. Гостите ќе си заминат од бродот, но членовите на екипажот често не се менуваат. Така што ако постои постојан пренос од екипажот на гостите, кога ќе пристигне следната група на гости тоа може да продолжи, предупредува Сенанајаке.
Иако коронавирусот во моментов е во центарот на вниманието, заразата која најмногу се шири на крстарења е норовирус, инфекција на дигестивниот систем што предизвикува повраќање, а се пренесува преку загадена вода и храна или допир на заразени површини.
Сепак луѓето нема да престанат да одат на крстарења
– Крстарењата имаат разни протоколи кои се дозволуваат кога се пријавува случај на норовирус. Сите површини континуирано и интензивно се чистат. Во бифето нема храна како што се кошници со леб. Екипажот е посебно обучен за тоа, вели Чирон и додава дека процедурата за норовирусот е построга од појава на коронавирусот.
Американскиот центар за контрола и превенција на зарази (ЦДЦ) исто така има службена Санитарна програма за бродови кои го советуваат екипажот како да го спречат и контролираат ширењето зарази.
– Верувам дека крузерите имаат постојки за дезинфекција и исто така ги советуваат патниците и екипажот кои се болни да не доаѓаат на бродот. Постои ризик ако заминеш на крузер, но се во животот носи ризик. Луѓето едноставно мора да практикуваат едноставни мерки на претпазлвост, Сенанајаке.
И на „Дајмонд Принцес“ се спроведуваат „добри изолациски мерки“ чувајќи ги луѓето во нивните кабини, иако во одредено време може да излезат на палубата, смета докторката Сенанајаке, но додава: „Бродот мора се обезбеди дека луѓето сфаќаат што се случува и да ја разберат нивната загриженост… Карантинот мора секогаш да се направи на хуман и сочувствителен начин“.
Бизнисот со крузери сигурно ќе претрпи финансиски удар, но епидемијата нема да ги спречи луѓето ширум светот да одат на крстарење, предвидува Чирон. Најмногу ќе бидат погодени крстарењата околу Кина и југосисточна Азија, додава Чирон.
Но кога ќе погледнете во остатокот од светот, Европа, Алјаска, САД, луѓето се уште патуваат.
„Ројал Карибијан“ откриле дека само 1,5 отсто од прашањата што ги добиле биле околу вирусот, истакна Чирон.