Коронавирусот се пренесува и преку ракување, ајде сите да користиме поздрав без допир – македонски поздрав, порачуваат Млади за Македонија.

– Корона вирусот се пренесува и преку директен допир – ракување и бакнување. Поради тоа се препорачува да се избегне ракување и директен допир при контакт со други луѓе. Ајде да направиме нешто добро за да се заштитиме од корона. Ајде да престанаме да се ракуваме и наместо тоа да користиме поздрав без допир – македонски поздрав.
Ајде да ја спречиме короната. Доста ракување, време е за македонскиот поздрав, објавија Млади за Македонија на својата страница на Фејсбук.