Во Прилеп денеска се регистрирани девет нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот со што вкупната бројка досега е 112.
Во Инфективното одделение на градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.
Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од локалната самоуправа.
Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.