Иновативноста на СДСМ Иноваторска нема крај, секој ден излегува по нешто ново од скандалот кој го тресе Фондот за иновации. Кочо, Локвенец и Геро беа само увертира во иновативните поделби на гратови од страна на Фондот. Освен горе наведената тројка излезе дека и снаата на Цветанка Ласкова е една од генијалните умови кои треба да бидат поттикнати со цел развивање на нејзината компанија со која ќе се подобри бизнис климата во Македонија. Друштво на екипата им прави и сопругата на Горан Михајлов кој многу милува да кажува во неговата колумна „Сакам да кажам“, ама за ова некако многу не му се зборува.
Помеѓу најгенијалните умови во државата се наоѓаат и Претседателот на Општинската организација на СДСМ Кавадарци и директор на компанијата „Кодинг – Горска“, како и некогашниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Бошко Нелкоски, којшто своевремено беше обвинет за сомнителна распределба на европските пари.
Ќе се финанисраат навистина иновативни проекти: производство на фротирки, модни колкеции, путер од лешник, туризам, печатница, реинкарнација итн.
Освен генијалното образложување на директорот на Фондот – Јован Деспотовски според кој нема ништо спорно и дека од пријавените 236 компании финансии добиле 80 компании кои биле најдобро оценети, а меѓу нив се и погоре споменатите иноватори генијална изјава имаше и премиерот Заев кој пак не може да им бара оставки на вмешаните функционери затоа што ќе немал со кого да работи.
Па добро бе генијалци едни, имате ли грам моралност и етичност? Галантно се откажувате од грантовите откако ве фатија со рацете во медот и нудите разноразни небулозни оправдувања небаре народот пие нафта. Нудите театар како ОЈО постапува по чуен глас и финансиска полиција го истражува случајот, а кои на крај ќе излезат со заклучок дека се било во согласност со законот. Се надевам дека кога веќе ја чешлаат постапката за избор на проекти ќе ја прочешлаат и постапката за избор на надворешни експерти во Евалуационата комисија чиј претседател е Софче Јовановска – шефот на кабинет на Анѓушев.
Кога веќе сте толку генијални и инвентивни тогаш смислете начин како ќе ги прелажите Европјаните во процесот на скрининг за отпочнување на преговори, затоа што како сме тргнале не сме ни за у Африка, а не па за во Европа.
М-р Мартина Антиќ