МАКЕДОНКАТА КОЈА СПАСИ ТРИ ЖИВОТИ: Емилија Динева трагично загина, но им подари живот на тројца други во Македонија

/ 23.05.2020

Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Оваа вест може да се забележи на социјалните мрежи.

-За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… ???? Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…, напиша Здравка Шурдоња.


Од истата категорија