Министерот за здравство Венко Филипче не може да каже точно кога би биле отворени градинките, но како што вели, тоа сигурно нема да биде во скоро време, поради порастот на бројот на заболени.
-Тешко е сега да кажеме точно време тајминг кога би се отвориле меѓутоа засега сигурно не, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашањепо посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, каде сега се примаат пациенти со КОВИД-19.
Тој потенцира дека одлука да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога состојбата со коронавиусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.
-Во моментот кога беше одлучено да се прави скрининг на вработените во градинките, состојбата беше таква што тие можеа да се отворат и заради тоа беше направен. Но со зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи сега во овој момент не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата апсолутно се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства, рече министерот за здравство.