Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната температура ќе се движи од 30 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 38 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.