Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје.
Од МВР го потврдија случајот.
„На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.“, се вели во соопштението од МВР.