Руските здравствени власти денеска соопштија дека е забележано рекордно ниво на смртност на дневно ниво како последица на Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале 619 пациенти.
Драстично зголемен е и бројот на позитивни на корона вирусот, па така во последните 24 часа се регистрирани 21,665 случаи.
Истовремено, во Индија која се смета дека е најпгодена во овој момент, забележани се 9 577 случаи и 175 починати, иако е веројатно дека во наредните часови ова ќе биде корегирано и бројката ќе биде поголема.
Но, тоа не го менува фактот дека на Русија и се случува катастрофа, иако и ова е далеку од ситуациите кога во некои западни држави беа регистрирани и по 3 000 мртви на ден.
Русија изненадува со овие бројки бидејќи во цела Европа тие сега се драстични помали, а згора на тоа, Русија уште од август лани ја имаше својата вакцина. Но, досега се вакцинирани само околу 10 отсто од населението, а многу Руси одбиваат да се вакцинираат. И покрај тоа, Владимир Путин изјави дека не е за должителна вакацинација.
Руската неподготвеност за вакцинација ги зголеми стравувањата кои го придружуваат неодамнешниот наплив на пандемијата. Претседателот Владимир Путин на состанокот со руските пратеници на 21 јуни рече дека “За жал, заканата од коронавирус се уште не е завршена. Во некои региони ситуацијата е влошена, како што знаете”.
Една третина од новите случаи се во Москва. Градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин минатата недела рече дека вакцинациите против Ковид-19 ќе бидат задолжителни за 60 проценти од вработените во услужниот сектор. Седумнаесет други региони наметнуваат слични барања. Москва и другите области исто така ги зајакнаа ограничувањата за движење на луѓето.
Почнувајќи од минатата недела, жителите на Москва можат да добијат услуга во ресторани и барови само доколку презентираат доказ за вакцинација, неодамнешен негативен тест или потврда дека се заразиле со вирусот во претходните шест месеци.