Поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, се пошегува со вчерашната изјава на неговиот политички ривал Слави Трифонов, велеjќи дека неговата партија за разлика од „Има таков народ“ на Трифонов не се занимава само со НАСА и астронаути, пренесуваат бугарските медиуми .

– Замислете дека Бугарин и северен Македонец се наоѓаат во вселената. Така започнува „Војна на ѕвездите“. Вонземјанин ќе ги види и ќе ги праша: „Какви луѓе сте вие?” „Јас сум Бугарин“, „Јас сум северен Македонец, коментираше Борисов на брифинг денеска.

Неговиот коментар се однесува на вчерашната изјава на Трифонов за тоа дека новата влада предводена од ИТН ќе поднесе барање за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција, затоа што само Бугарија не членува таму.

– Ќе направиме се што е возможно да испратиме маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направиме што е можно кон нив да се приклучи и еден северномакедонски астронаут – рече Трифонов.

Борисов е огорчен што неговиот противкандидат Трифонов ја објави својата верзија на владата, без да ги чека конечните резултати од гласањето.

Експремиерот на Бугарија и близок пријател на премиерот Зоран Заев, исто така протестираше дека партијата добила поголем број гласови кај бугарските гласачи во странство, поради што тој побара да се проверат сите што ги поставиле електронските машини за гласање.

Борисов е убеден дека Трифонов не сака да формира влада, додека неговата желба да не биде премиер ја гледа како обид да се задржи сегашната официјална влада на власт, што ја назначи претседателот Румен Радев.

Според него, за последните два месеца работа, сегашната влада ги бранеше претставниците на партијата ГЕРБ од ангажирање во предизборна работа, а даночните инспектори веднаш би дошле во нивните компании.

-Тоа е игра на Румен Радев со цел постојната влада да преживее. Затоа тие сега се однесуваат така – без оглед на сè, тие ќе останат на власт цела вечност“, рече Борисов.

На прашањето дали ГЕРБ ќе предложи своја варијанта на владата, поранешниот премиер првично категорично одби, по што рече дека партијата ќе објави свој предлог кога ќе бидат познати конечните резултати од изборите и ГЕРБ ќе добие мандат да формира влада, како прва или друга сила.

Трифонов излезе со свој предлог за нова влада вчера во 11 часот, кога Централната изборна комисија изброи нешто повеќе од 95 проценти од гласовите, според кои ГЕРБ го зазеде првото место со минимална разлика според бројот на гласови, во однос на „Има таков народ“. Информацијата дека партијата на Трифонов сепак ја надмина ГЕРБ беше објавена околу 14:00 часот по обработката на 98,92 проценти од гласовите. Конечните официјални резултати од изборите сè уште не се објавени.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/603635474358185/?t=2