Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 81 позитвно лице на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 5.315 тестирања, а најголем број нови случаи има во Скопје – 27 и Тетово – 25.
Во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.
Не се регистрирани починати, а оздравени се 12 пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.