Цела паралелка од осмо одделение во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром од денеска е во изолација поради ученик кој добил позитивен резултат на коронавирус, а вчера бил на настава, на првиот училиштен ден од новата учебна година.
Вчера се пожалил на главоболка, а денеска веќе било познато дека е позитивен на коронавирус. Учениците добиле порака да останат дома во следните две недели.
Освен за одделението од „Љубен Лапе“, од Министерството за здравство, како што пренесуваат медиумите, посочиле дека епидемиолозите прават анкети и во други училишта каде што ученици при влезот имале покачена телесна температура.
Позитивна на тестот за Ковид 19 е и ученичка од петто одделение во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, при што во 14-дневна изолација ќе оди целиот клас од училиштето, а истото е и во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во населбата Кисела Вода, каде еден деветодделенец би позитивен, а за друг се чека резултат од тестЕот.