И црквата ги покачи цените за црковните услуги.
Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со еден или со три свештеници.
Крштевката чини 3.800 денари, а цените на другите црковни потреби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави ТВ Телма.
Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата.
Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки.