Аргентинскиот напаѓач Анхел Ди Марија од вчера и официјално стана играч на Јувентус. Триесет и четиригодишниот Аргентинец како слободен играч се приклучи на Торино и потпиша договор до 2023 година.
Според прес-службата на клубот, Ди Марија ќе игра за Јувентус со број 22. Претходно овој број го носеа Федерико Киеза, Матија Перин, Квадво Асамоа, Артуро Видал, Мохамед Сисоко и други.
Ди Марија во кариерата претходно играше под реден број 22 во Реал Мадрид за кој настапуваше од 2010 до 20215 година.
На клупско ниво, тој има играно и со дресови со броевите 20, 7, 11, 14 и 18.
Важноста на договорот е до 2023 година. Беше објавено дека 34-годишниот Аргентинец ќе добива шест милиони евра годишно, а предвидени се и бонуси.