Оваа година според јавно достапни информации поништени се 31 тендер во рамки на град Скопје и уште 13 во 2021 година кога доаѓа новата администрација во Скопје, и затоа што градоначалничката експлозивно разрешуваше директори заради јавни набавки кои видовме според ЕИБ дека биле согласно правилата и стратегијата за набавки и правени со консултации на банката, прашање е зошто се случуваат овие поништувања од кои дел се за следните проекти во програмата, прашува советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски.
Андоновски истакна дека дел од тие проекти се клучка на Булевар Словенија со Булевар Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и Карпош.
– Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на град Скопје. Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сакате со промена на комисиите да се влијае во работата на истите односно во избор на најдобар понудувач, рече Андоновски.
Андоновски како второ прашање посочи дека е за изборот на директор на средното училиште Орце Николов каде има ревизија од самиот град Скопје има реизбор и попуштање и правни гимнастики.
– Според законот за средно образование три месеци пред истек на мандатот на постојниот директор се носи одлука да се распише оглас за нов директор. Во Орце Николов мандатот на сегашниот директор истекол на 4 септември, а одлука е донесена на 25 август, десетина дена пред истекот на мандатот, и е прекршен законот Од 4 септември до денеска нема ВД директор што е спротивно законот кој вели дека во рок од 3 дена треба да се постави директор. Како сегашниот директор потпишува решенија и плати кога има истечен мандат? – прашува Андоновски.
Андоновски како трето прашање до градоначалничката Арсовска запраша дали со нејзиниот однос придонесува вработени да го напуштаат Град Скопје затоа што досега 7,7% од вработени си заминале од работно место.