Кој е македонскиот државјанин со прекар Роко, кој според изјави дадени во Специјалниот суд во Белград наплаќал по 30.000 евра за пасош од Македонија?
Ова може да биде клучен наод во идната истрага која ќе се води за организаторите на аферата Двојник во која МВР на Оливер Спасовски издала над 215 пасоши на светски и регионални криминалци.
Од денешното сведочење на „соработничкиот сведок Срѓан Лалиќ“ во судскиот процес против Веља Невоља и Кавачкиот клан се дознава дека во Македонија има човек кој во име на МВР на Спасовски продава или посредува за добивање македонска патна исправа за која наплаќал огромна сума пари.
– Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за С. Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување, изјавил Лалиќ пред специјалниот суд во Белград.
Во аферата „Двојник“ јавното обвинителството гонеше неколку службеници во МВР, но судијката Оља Ристова која ги судеше обвинетите даде јавна изјава дека организаторите на аферата Двојник не се опфатени со обвинението.
До денеска обвинителството и МВР не покренаа нови процеси против луѓето кои кои ги споменува судијката Ристова.
Извор: Вечер