Ништо не сакаме да скриеме сакам детално да се истражи не само од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) туку посебно од Јавното обвинителство, кои рекоа дека може да ја разгледаат целата документација и ако има нешто сомнително да се отвори истрага, рече вицепремиерот Артан Груби во ТВ емисијата Топ тема.
Тој истакна дека како влада сакаат да остават трага зад нив со овој добар проект, а граѓаните да возат по добри и безбедни патишта.
Груби потенцираше дека Бирото за јавни набавки една година ја разгледувало постапката не верувам дека има грешка но, еве, рече тој, нека истражи ЈО.
Додаде дека „сите документи се јавни, во Бирото за јавни набавки се е он лајн и можат да ги имаат на увид и сите кои што аплицирале“.
– Јас не сум ни обвинител, ни судија, нека истражи Јавното обвинителство, немаме што да криеме чисти сме ко солза за ова, рече Груби.