Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија.
Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас.
„Повторно сум овде за да ветам поголема помош, но и да ја изразам нашата солидарност и нашите длабоки врски, како и нашето восхитување за храбрата борба што се води овде“, рече Писториус додека положи цвеќе на плоштадот во центарот на Киев.
Писториус пристигна во Киев со воз и треба да разговара со својот украински колега, како и со претседателот Володимир Зеленски.
Неговата посета доаѓа додека руските воздушни напади врз Украина се интензивираат и Киев се подготвува за зголемени руски напади врз енергетските инсталации во земјата во текот на зимата.
Ова е втора посета на Писториус на Киев откако тој стана министер за одбрана на почетокот на годината, а доаѓа еден ден по исто така ненајавената посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Украина.
Писториус положи венец на плоштадот каде пред десет години стотици луѓе демонстрираа со недели барајќи демократски реформи, а во текот на денот треба да го посети и центарот за воена обука.