Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари, тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?- прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Стратешките партнери на Македонија, се вели во соопштението, издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција.
– Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано. Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта, се наведува во соопштението.
МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост.
– Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите? За криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ кажуваат и меѓународни институции и агенции, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.