Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Зоран Заев и СДСМ ги продадоа националните и државни интереси и ги погазија Уставот, законите и волјата на македонските граѓани. Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име. За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против промената на името на државата. Две години ништо немаат сработено и единствено се фокусирани како да го променат името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. За таа цел Заев во своја служба ги стави Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО и преку нивните механизми на криминален начин преку механизми уценува пратеници за да гласаат и да го исполнат неговиот црн план за погребување на Република Македонија, се вели во соопштението.
Додека, пак, се додава натаму, на целата македонска јавност е свесна селективното помирување и селективните промени на Кривичниот законик беа единствено за исполнување на црното сценарио на аболицираниот Зоран Заев.
– Европска Македонија не се станува со погазување на демократијата и волјата на граѓаните. Заканите, уцените врз пратеници и неистомисленици не се европски вредности исто како што европски вредности не се ниту механизмите на партиските Кацарска судство и Русковска обвинителство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во овој црн процес ниту има намера да му даде легитимитет за промената на Уставот и погазувањето на македонското достоинство и бришење на македонскиот идентитет кој нема поддршка и легимитет од граѓаните на Република Македонија. Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година. Македонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на Република Македонија, се вели во соопштението.