Ние сакаме да бидеме земја, дел од Европската Унија, а впрочем еве Велика Британија ослободи и место, изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на денешната средба во Виена со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
– Секако ние ќе работиме на тој пат, кој зависи од успешноста на нашите реформи. Еве политичките процеси се веќе успешни. Јас верувам дека ќе охрабриме многу други земји околу нас и од нашиот регион да го продолжиме нашиот европски пат, рече Заев.
Видеото е преземено од Фејсбук страницата Чао Заев.