Според договорот направен помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас се предвидува спомениците на Александар Македонски и Филип Втори, кои се наоѓаат во центарот на Скопје, да бидат преименувани со историско обележје кое ќе го означува нивното потекло, кое им го одредиле двајцата премиери.

Ова го изјави Миле Бошњаковски на прес конференција во Влада на Република Македонија.

По овој повод граѓаните реагираа на социјалните мрежи и ги искажуваат своите мислења и негодувања за ова шокантно решение.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Владата на СДСМ веќе го смени името на аеродромот, автопатот и стадионот. Според некои грчки медиуми се наведува и дека можно е да има и размена на споменици со општина Солун. Доколку размената не се случи,  договорот предвидува дека Македонија ќе постави плакети на статуите и споменици за да стане јасно дека тие се симболи на грчката култура (на пр. Скопски плоштад ќе има натпис дека се однесува на хеленистичкиот период и ќе биде обележан како симбол на пријателството на Грција – Македонија), пишува „Катимерини“ како една од точките на договорот.