Двајца италијански научници успеале да откријат револуционерен метод кој го спречува стареењето на кожата.
Д-р Карло Микелини и д-р Андреа Малвенти во емисијата „Бугарија наутро“ го објасниле својот начин на потхранување на кожата и заштита на надворешната обвивка.
„Тоа е вистинска биостимулација, но без игли. Очекуваме ревитализација на кожата и ефект на пилинг. Секој кој има наполнето 18 години може да го користи продуктот. Употребата не предизвикува никакви штетни последици, но добро е ако употребата ја вршат професионалци. Тоа не е крем. Повеќе нешто како воден гел. Тоа е двофазна технологија. Многу сме горди, многу време потрошивме за да дојдеме до оваа уникатна формула“, објаснувал Микелини.
„Се знаеме 10 години. Започнавме да работиме во една иста компанија. По две години работа, решивме да направиме своја концепција. Почетокот беше тежок. Сега кога го имаме резултатот, не ние, туку продуктот зборува сам за себе“, истакнал Малвенти.
Двајцата потцртале дека начинот на живеење е многу битен за состојбата на кожата. Спортот и сонот се посебно важни за нејзиниот изглед, заклучиле научниците.
„Не правиме чуда, но ова е во таа насока. Сакаме луѓето да изгледаат и да се чувствуваат млади“, истакнале Микелини и Малвенти.
Консултантот по козметологија, Валерија Цимбал, во емисијата истакнала:
„Веднаш по првата процедура почувствував одличен ефект“.