Преговорите зад затворени врати за името на Република Македонија кои се одвиваат зад затворени врати влегуваат во конечна, односно во критична фаза. Наскоро ќе се дознае дали е најден компромис односно решение за името прифатливо за „двете страни“. Во моментов е јасно дека Атина (Коѕијас) успеа топката да ја префрли во македонскиот двор, што значи дека ако преговорите пропаднат за тоа главен виновник ќе биде Скопје (двоецот Заев-Димитров). Од друга страна во оваа фаза на преговорите за името, која одеше во пакет со планот 3-6-9, Македонија за прв пат влезе со спуштен гард, со ослабени позиции зашто премиерот Зоран Заев јавно кажа дека „ние прифаќаме географска одредница“. За вакво национално прашање кое се решава со тајна дипломатија не смее да се помисли да се изнесе јавно преговарачката позиција.

Малкумина точно знаат за што се разговараат Димитров и Коѕијас, но „Денешен“ од својата архива реши да извади еден предлог на посредникот на ОН, американскиот дипломат Метју Нимиц изнесен во февруари 2008 година. Некогаш тој предлог отфрлен како непристоен и оценет како излегување од рамката на преговорите согласно резолуциите на Советот за безбедност на ОН, се чини сега е оживеана со тоа што македонската страна се реши да игра опасна игра прифаќајќи да преговара за еден многу голем пакет прашања. Во продлжение ви го пренесуваме интегрално предлогот на Нимиц од 2008 година, колку да се знае дека архивската прашина не може да ги сокре сите историски и дипломатски траги:

Целосниот текст на предлогот од Нимиц гласи

Во продолжение на разговорите кои се одвиваат согласно со Членот 5. на Билатералната спогодба од 13-ти септември 1995, последователната обврска за разбирање се содржи во Страните (Првата страна застапувана од амбасадорот Василакис – „Прва страна“; и Втората страна застапувана од амбасадорот Димитров – „Втора страна“) како предлог за усогласување околу прашањето за „името“ и слично.

I – Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како меѓу двете земји, така и во регионот;

II – Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел, во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).

  1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

 

  1. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.

 

  1. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна кое што се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).

 

  1. Официјалното меѓународно име ќе се замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.

 

  1. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвеции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.

 

  1. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува онаму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) согласно со востановената пракса која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса која што се применува генерално од државите, освен од страна на оние кои што се споменуваат во подолниот параграф 7.

 

  1. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.

 

  1. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“ или „Македонски“.

 

  1. Имињата „Македонија“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните, или организирани групи, правно признати од двете Страни, но само согласно и субјекти во постоечката меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слични цел.

III – Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до оние кои што се видоизменети подолу.

IV – Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.

V – Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување на мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да осигураат да го потврдат својот придонес за тесна соработка околу безбедносните прашања и еконосмскиот развој, како и останати прашања од заеднички интерес.

VI – Страните ќе го изразат својот предлог да отпочнат разговори со цел создавање една заедничка комисија која што ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што истите ќе доставуваат предлози до комисијата.

VII – Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората Страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.

VIII – Втората Страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата Страна.

IX – Втората Страна ќе делува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која што се споменува во горе наведениот параграф II, за да се обезбеди согласно нејзината легислатива прифаќање на Официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со соодветната резолуција на Советот за безбедност.