Американскииот претседател Доналд Трамп во февруари побара вакцината против Ковид 19 да биде готова до крајот на годината.
Но, тогаш верајатно не ги имал сите податоци со кои располагаат Германците. До моментот, кога Дер Шпигел објави дека фирмата на сопственикот на ФК Хофенхајм, Дитмар Хоп веќе е во поодмината фаза во развојот на вакцината и дека тоа е вакцината која веројатно ќе биде првата што ќе може да се користи за широка употреба.
Тогаш почнува војната. Американците сакаат да го купат правото на вакцината, но Хоп само одмавнал со раката. Пораката што ја пратил е дека Германија не е на продажба.
-Ја одбив оваа и некои други понуди. Кога вакцината ќе биде готова, сакам таа да биде достапна за целиот свет, а не само за избраните – рекол Хоп.
Тогаш во приказната влегува и Бил Гејтс кој со сопругата Мелинда е сосопственик на фирмата на Хоп, CureVac, која работи на вакцината, односно е втор најголем акционер по газдата на фудбалскиот клуб. Засега, нема информации дали Гејтс презел нешто конкретно во смисла вакцината и правата на нејзе да се најдат во сопственост на САД.
Шпигел ја продолжубва приказната дека Американците веќе се обиделе да поткупат некои луѓе од фирмата CureVac да дојдат во САД и да работат на проектот, но Германија застанала зад своите луѓе. Меѓу тие кои се ангажирала во заштита на Хоп се и министеорот за внатрешни работи Сихофер и министерот за економија Питер Алтмаер кои порачале дека никаква продажба на вакцината не доаѓа в предвид.
Но, тоа не значи крај на американско-германската војна окол вакцината. Зад завесата, службите си ја работата својата работа, иако овој пат се чини дека германската ќе извојува победа.
Инаку, споственикот на CureVac, Хоп, не е омилен меѓу фудбалските навивачи во Германија, кои го обвинуваат дека го внел Хофенхајм во Бундес лигата одејќи по тенката линија на германските сфаќања за најпопуларната игра на светот. Но, сега, сите Германци застана зад него во борбата да ја сочува вакцината.