Американскиот претседател Џозеф Бајден оцени дека целта на неговата посета на Саудиска Арабија е зајакнување на стратешкото партнерство засновано на заеднички интереси и одговорности, притоа почитувајќи ги основните американски вредности.

– Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мојата одлука да одам во Саудиска Арабија. Моите ставови за човековите права се јасни, а основните слободи се секогаш на дневен ред кога патувам, а тие ќе бидат и за време на ова патување“, изјави американскиот претседател а пренесува Вашингтон пост.

Американскиот претседател во вторник оди во Израел, а в петок во Џеда, Саудиска Арабија.

– Мојата работа како претседател е да гарантирам дека земјата е цврста и безбедна, пишува демократскиот претседател, наведувајќи ја потребата да се спротивставиме на Русија, да бидам во најдобра можна позиција во однос на Кина и да обезбедиме поголема стабилност во Блискиот Исток. За да ги направиме овие работи, мораме да имаме директни односи со земјите кои можат да придонесат за тоа. Саудиска Арабија е една од нив, додаде Џо Бајден.