Употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори за првпат беше одобрена во Европа, пишува Би-Би-Си.

Овој вид на лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“. Двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите корисници на овој лек.

– Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот, изјавила нејзината мајка Естер.

Туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.

– Позитивно е што лекот делува на разни видови рак, тој напаѓа абнормалност, изјави д-р Џулија Чисолм од Кралската болница Марсден.