Уште на 11 септеври година, д-р Андон Чибишев во емисија со Љупчо Цветановски укажа на проблемот со улогата на ФЗО во скандалот со Клиниката на онкологија. Еве го тој извадок од емсијата, а линк од целата емисија од гостувањето на д-р Чибишев имате подолу:

ЧИБИШЕВ: Јас сепак мислам дека не е најважна политичката одоговорност. Политичката одоговорност си доаѓа сама по себе, затоа што овие институции имаат раководство, менаџерски тим, еден директор, уште еден, стручен, економски директор кој патем никој не го споменува, еве јас не сум чул, цело време се споменува медицинскиот, стручниот директор, и над нив има луѓе кои што треба да го контролираат процесот. Не е тука само Министерството за здравство: МЗ има министер кој има тим околу себе, и тој тим на министерот треба тоа да го контролира и да го информира министерот, кој понатаму го информира надредениот, односно премиерот.

Тука не се споменува и Фондот за здравство. Фондот ја финансисра институцијата и таму има одредени тимови кои на одреден временски период прават контроли по здравствените институции, посебно по клиниките – како се трошат парите на здравствените осигуреници. Или тие приметиле дека нешто не е во ред, дека се трошат повеќе пари, дека клиниките влегле во некакви долгови без посебно објансување за поголемото трошење или затаило тоа. Иако, за проблемот на Онкологија, колку што се сеќавам се зборува повеќе од десет години, а последниве две години на секој трети-четврти ден, се споменуваше дека нешто се случува на Клиниката, А зошто никој не реагирал? Јас не можам овој феномен да го објаснам.