Американката д-р Сара Кејт, професор по хирургија во Њујорк, вели дека колку што е важно носењето маски толку е важно и да се избегнува задржување во затворени простории со поголем број луѓе на едно место.

– Најголем ризик од инфекција се затворените простори каде што има гужва, вели Кејт.

Професорката Кејт направи „топ листа“ со 12 места, за кои вели дека се особено опасни и кои, ако таа и нејзините колеги се прашуваат, ако не мораат никогаш не би оделе оваа година.

Топ 12 места кои, според Кејт, треба да се избегнуваат се: 1. Јавен тоалет; 2. Банка; 3. Мали ресторани; 4. Кафулиња; 5. Цркви (и џамии); 6. Спортски сали; 7. Базени; 8. СПА центри; 9. Трговски центри; 10. Концерти; 11. Кина; 12. Забавни паркови.