Данска издаде дозвола за изградба на „Северен тек 2“, со што падна и последната пречка за рускиот проект, се наведува во соопштението на данската Агенција за енергетика, пренесува „Спутник“.
„Данската енергетска агенција ѝ издаде на компанијата „Норд стрим 2“ одобрение за изградба на дел од гасоводот „Северен тек “ во копнениот појас на Данска, југоисточно од Борихолм во Балтичкото Море“, се наведува во соопштението.
Според проценките на агенцијата, оваа траса е најбезбедна и е во согласност со еколошките норми. Веста доаѓа во време кога САД продолжуваат со обидите да воведат ограничувачки санкции за рускиот проект. За потсетување, претходно републиканецот Енди Бар се обрати до Конгресот со молба да се воведат нови санкции.