Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски, вели во изјава за медиумите Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМ, стои во партиското соопштение од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Нема медицински кадар на Детската клиника.
Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи.
Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата?
Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца?
Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци.

Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите.
Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање.
Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија?

Кој сега ја дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност?
Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот.
СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника.
Скраете тендери дајте пари за дечињата.
За деца се работи.
Фото: СДСМ




