Мангото е овошје кое се одгледува во бројни тропски и суптропски региони, а неговата татковина е индискиот потконтинент, односно, Асам и Бурма. Манго е поврзано со фолклорот и религиозните обичаи во Индија. Плодовите и листовите од манго се користат за украсување на свадби или јавни и религиозни церемонии.

И самиот Буда седел под дрвото- манго кога доживеал просветлување.

Манго е богат извор на витамини А, Ц и Д, а изобиллството со антиоксиданти, кои доаѓаат од свежо манго,  делува поволно на  луѓе со проблеми на кардиоваскуларниот систем. Бидејќи има многу влакна,  корисно е и за луѓето со бавно варење. Покрај тоа, го регулира високиот крвен притисок, ја чисти кожата, помага при дијабетес, го спречува растот на клетките на ракот и е одличен борец против опаднат имунитет. Исто така е добро против инфекцијата на уринарниот тракт.