Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека не е пријавен никаков недостиг од лекови или нарушување на испораката на резервите во ЕУ.

– Недостигот и нарушувањата во испораките не можат да се исклучат доколку се случи вонредна ситуација, се наведува во соопштението на ЕМА.

Агенцијата нагласува дека заедно со Европската комисија и здравствените власти во земјите членки, организирала прв состанок на Извршната управувачка група за недостиг од лекови, предизвикан од големите случувања со цел да се спречат евентуални нарушувања во испораката на неопходните продукти.