Тендерот за биолошка терапија ќе биде распишан најдоцна до почетокот на идната недела. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Постапката за распишување тендер е во фаза на крајно дефинирање на количествата и буџетите во самите клиники, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Националниот форум за здравство насловен „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија“.