Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук соопшти дека состојбата во болниците во Македонија е многу сериозна, по овој бран од коронавирусот.

-Утрово имав редовна координација со директорите на клиниките на која разговаравме за состојбата на хоспитализираните пациенти со Ковид-19, болничките капацитети, терапиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна, објави Филипче на својот фејсбук.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките:

-Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките, за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, се вели во апелот од Филипче.