Вицепремиерката и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска во наплив на предизборна еуфорија се навратила на историјата, па објави дека посетила повеќе споменици во Демирхисарско.
– Се поклонувам пред предците, кон оние кои ја создаваа нашата држава пред повеќе од еден век. Во селото Смилево во општина Демир Хисар положив цвеќе пред паднатите борци во НОБ и го посетив споменикот на нашиот револуционер и социјалдемократ, нашиот идеолог Даме Груев, објави Шекеринска на Фејсбук.
Досега од основно до факултет не учеа дека Даме Груев бил еден од основачите на ВМРО во Солун, но Шекеринска денеска ни откри дека „тој бил социјалдемократ“ и нивни идеолог. Можеби попатно од Демир Хисар кон Кичево таа ќе се поклони и пред споменикот на „социјалдемократите“ Јордан Пиперката во Велмевци, Христо Узунов во Цер…
А за поклон пред родната куќа на „социјалдемократот“ Гоце Делчев во Кукуш, во Егејска Македонија, работата е малку покомплицирана. Не само поради коронавирусот и затворената граница со Грција.
Како се менува историјава! И менуваш име на државата, а потоа менуваш однос кон споменици кои биле шарани во шарената револуција, им менуваш идеологија на идеолозите на ВМРО и за слободна и независна Македонија… Тие што (ќе) ги уриваа спомениците им положуваат цвеќиња и им прават поклон. Боже!
(Д.Г.)