Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска, во своето синоќешно гостување во емисијата 360 Степени на ТВ Алсат, вели дека на сите дипломирани на Академијата, коишто ќе бидат избрани на огласот за прием на судии и јавни обвинители, треба да им се даде шанса да ги покажат своите квалитети и професионализам, без разлика што меѓу кандидатите има и блиски роднини на актуелни политичари и на луѓе од правосудниот систем.

– Мислам дека на сите овие млади луѓе, коишто се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие професионално ќе работат. Зошто однапред да сметаме дека некој заради родителот или некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно, вели Габер Дамјановска.