Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска му ја врачи условената покана за членство во НАТО на претседателот на Владата, Зоран Заев и му го подари и пенкало со кое беше потпишана.

Откако Заев се фотографираа со поканата, го бакна подареното пенкало. За време на свечената церемонија, Генералниот секретар на НАТО истакна дека по исполнувањето на предвидените услови за промена на името и завршувањето на внатрешните процедури и ратификувања на договорот, „вашата земја“ ќе седи на иста маса со сојузниците.