Додека кај нас властите и Мила Царовска упорно и тврдоглаво одбиваат да признаат дека стотици деца се заразени со корона вирусот, а кај некои е и потврдено дека се развила болеста, британски Гардијан вчера пренесува дека директорите на училиштата на островот велат дека британската Владата треба да биде „во состојба на готовност“ за да ги спречи епидемиите на „Ковид“ во училиштата, откако повеќе од 100,000 деца отсуствувале од настава минатата недела со потврдени или сомнителни инфекции  – најголем број од нив во Англија.

Бројките од Одделот за образование во В. Британија, според Гардијан, покажале дека помалку од 92 отсто од учениците биле присутни во училниците на 16 септември, со 59,000 отсутни со потврдени случаи на „Ковид-19“ и уште 45,000 исклучени од наставата како сомнителни случаи.

Вкупно, 122,000 деца отсуствувале од државните училишта од причини поврзани со Ковид минатата недела, преенсува весникот.

Како што забалежувате, британските власти не се обидуваат да манипулираат со проценти, ниту се обидуваат д атврдат дека нема трансмисија во училиптата, туку ја кажуваат бројката на заразени и сомнителни деца. Треба да се има на ум дека и на островот, како и кај нас, согласно нивните прилики, есента допрва почнува, па ширењето ан вирусот во енормни размери ќе се зголемува како што ќе с евлошува времето.