Германија годинава ќе оствари најголем вишок во светот на својата тековна сметка, предвидуваат експерти од ИФО, Економскиот институт за истражување, во Минхен.

Според експертите, трговскиот суфицит ќе изнесува 299 милијарди долари. Потоа следува Јапонија со 200 милијарди и малата, но економски силна Холандија е на трето место со 110 милијарди.

„За споредба, САД најверојатно ќе биде земјата со најголем тековен дефицит од речиси 420 милијарди долари“, изјави Кристијан Грием, експерт од ИФО.

Оваа анализа, се проценува дека ќе биде жестока политичка порака за амерканскиот претседател Доналд Трамп кој се закани дека ќе наметне повисоки царини за увозот на германски автомбили.

Овој вишок на државната сметка на Германија, сепак, не е криткуван само од Вашингон, туку и од ММФ и од Европската комисија, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Овој голем плус за Германија е постигнат благодарение на трговијата со стоки, а оваа година вредноста на извозот ќе биде поголема од увозот за 265 милијарди евра. Главна моторна сила е извот во земјите од ЕУ, во еврозоната но и во САД.

Кина, како светски извозен шампион годинава не се очекува да оствари трговски суфицит со кој би се наредила меѓу првите три земји. На тоа влијаеше и помалиот извоз во САД годинава, велат од ИФО.